ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатни градинки и оброк во училиштата, студирање без партиципација

630

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција на Владата ѝ предложи план и мерки за справување со тешкиот финансиски товар за родителите и младите во тешки економски услови и сиромаштија.

– На удар е здравјето на младите и нервите на родителите кои се загрижени поради тоталниот хаос во факултетите, училиштата и градинките. Министерството за образование нема соодветен план за онлајн настава ниту пак обезбедени доволно добри просторни услови за децата кои физички ќе посетуваат настава, а градинките се со исполнети капацитети со што постои реална опасност дека голем дел од родителите нема да имаат можност да ги згрижат своите деца во градинки – рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска.






Таа побара Владата веднаш да донесе одлука со која ќе се ослободат од партиципација сите редовни студенти запишани во државните универзитети за учебната 2020/2021 година, без разлика во која година од студирањето се наоѓаат. зованието. Втората мерка е предлог за донесување одлука за обезбедување на бесплатна храна во училиштата и за сите ученици. Третата мерка се однесува на децата кои посетуваат градинка, бројка од околу 30 илјади дечиња, чии родители немаат услови да ги чуваат дома, а од таа причина е потребно да ги пратат во градинка.

– Со цел да се помогне на голем број семејства, во кои има и голем број на родители кои го изгубиле своето работно место, бараме бесплатно згрижување на децата во градинките – рече Стојкова Серафимовска.

Поврзани содржини