ВМРО-ДПМНЕ: Предизборен поткуп е распределбата на парите на ТАВ за општините
Опозициската партија тврди дека на неполни 3 месеци пред одржување на локалните избори, СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со парите на граѓаните, за да стигнат во кампања барем да започнат еден од многуте проекти, кои неговите градоначалници не беа способни 4 години да ги реализираат.
Изнатиов викенд македонската јавност беше сведок на најновото поглавје од обидот за предизборен поткуп, преку поделбата на 49,7 милиони евра за општински проекти од програмата од средства од концесиите на турски ТАВ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– На неполни 3 месеци пред одржување на локалните избори, СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со парите на граѓаните, за да стигнат во кампања барем да започнат еден од многуте проекти, кои неговите градоначалници не беа способни 4 години да ги реализираат. Ваквата „награда“ за градоначалниците на СДСМ и ДУИ е целосно корумпирање на изборниот процес од една страна, а очајнички и неумесен обид за затскривање на неспособноста на нивните градоначалници-велат од опозициската партија.
Оттаму со потседување дека и покрај повеќето пакети за помош на општините и јавните комунални претпријатија, минатата година долгот повторно пораснал за 6,5 милиони евра, а вкупниот долг на општините и општинските претпријатија изнесува фрапантни 114,7 милиони евра.
– Покрај долговите, Македонија е рекордер и во загубите на вода, каде вкупно се соочуваме со загуби во висина од речиси 62 проценти. Додека неспособните локални власти на СДСМ немаат капацитет да се справат со загубите, во сред лето и температури над 40 степени без вода се оставени наите граѓани, каде изминатиов период дефекти и рестрикции за вода се соочуваа жителите на Дебар, Градско, Штип, Скопско Љубанци – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициксата партија велат и дека секојдневно во општините се објавуваат стотиците партиски огласи за вработување, каде што се преполнуваат веќе превработените општински администрации.
– Од парите кои ги доделува Владата од ТАВ Програмата, голем процент од средствата се доделуваат за проекти за чија реализација ќе бидат потребни повеќе години. Причината на нивното доделување на 3 месеци пред изборите е со единствена цел истите да се започнат во време на изборната кампања, а со тоа да се обидат да го замачкаат 4 годишното неработење на нивните градоначалници – велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тоа нема да им помине и граѓаните на претстојните локални избори ќе ги казнат овие неработници и криминалци.