ВМРО-ДПМНЕ пред Управен ја оспорува верификацијата на мандатите на осум пратеници

588

Само што ги поднесовме тужбите во Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот односно верификација на мандатите на останатите односно на дополнителните осум пратеници во Собранието, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Знаете дека и покрај нашите реакции како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието каде што укажавме дека е тотално погрешен, нелигитимен и пред се нелегален начинот на тоа на којшто владејачкото мнозинство го направи. Преку предлог на Комисијата за верификациски работи која што впрочем е создадена, е формирана и функционира само за првата конститутивна седница. Иако во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно, недвосмислено е пропишано дека единствено може по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници. Сепак владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада – рече Јанушев.






Според него, тоа што ќе се почне со дивоградба понатаму продолжува да функционира на еден ист и таков начин, и на почетокот на седницата за избор на влада го укажавме дека тие осум луѓе не се верификувани и не станале пратеници на начинот на кој што е пропишано со Деловникот. И впрочем дава еден огромен нелигитимитет и нелегалност на изборот на целата Влада.

– Очекувам од Управниот суд што е можно побрзо да ги разгледа тужбите кои што денеска ги доставивме и да одлучи врз основа на словото на Законот.

 

Поврзани содржини