ВМРО-ДПМНЕ прашува дали во инцидентот во Кисела вода учествувал и директорот на Шутка
Меѓу оние во групата која се конфронтирала со полицијата беше пренесено дека е и омилениот екссоветник на Заев, а сега директор на истражниот затвор Шутка Филип Андов Сокол - велат од партијата.
Преку соопштение, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се повика на вест која беше објавена во некои од медиумите.
– Дали е точно дека во вчерашниот инцидент во угостителски објект во Кисела Вода учествувал Филип Андонов викан Сокол, кој од неодамна е директор на Истражниот затвор во Скопје, а претходно беше советник на премиерот Зоран Заев, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата се повикуваат на информацијата објавена вчера во некои медиуми дека по завршувањето на работното време на угостителските објекти во Кисела Вода дошло до инцидент каде вербално, со пцости и вулгарности се нападнати полицајци кои предупредиле за забраната за групирање.
– Меѓу оние во групата која се конфронтирала со полицијата беше пренесено дека е и омилениот екссоветник на Заев, а сега директор на истражниот затвор Шутка Филип Андов Сокол – велат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат зошто само за екссоветникот на Заев полицијата не поднела пријава.