ВМРО-ДПМНЕ: Поразот на Зоран Заев е неизбежен, и по цена на човечки животи се подготвени да организираат избори

346

Јавно да кажеш дека изборите треба сега да се одржат само заради здравјето на граѓаните и притоа да не се засрамиш, има само 2 реални објаснувања зошто мора да го говориш тоа. Едното е да си отсутен од реалноста или народно кажано да ти летнало врапчето, а другата да си слеп послушник на Зоран Заев чиј пораз сакаш да го ублажиш – рече денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на прес конференцијата на Љупчо Николовски.

Арсовски додаде дека суштината на СДСМ и Зоран Заев е дека брзаат за избори среде пандемија во која може да броиме човечки жртви наместо гласови од граѓаните е само поради 2 причини.






  1. Република Македонија е пред економски крах и ќе крахираме како држава и економија затоа што има дупка во Буџетот и стопанството трпи огромни штети само заради неспособноста на Владата на СДСМ да се справи со економската криза.
  2. СДСМ и Зоран Заев грчевито се борат да го ублажат поразот и падот на кариерата на Зоран Заев, кој по секоја цена е неизбежен.

Поразот на Зоран Заев е неизбежен, иако воопшто не им е гајле за здравјето на граѓаните и по секоја цена дури и по цена на човечки животи на граѓаните на Република Македонија се подготвени да организираат избори, во моменти кога нема апсолутно никакви услови.

Очајноста и стравот од пораз е очигледен и СДСМ мора да се соочат со тоа.

Тука веќе е јасно се гледа кој работи и се бори за граѓаните, а кој работи и се бори против граѓаните односно се бори да ја спаси сопствената кожа од пораз тоа е Зоран Заев.

Најнакрај, Љупчо Николовски говори за некоја нова нормалност која треба да гради можности, ова е малку несфатлива теза за граѓаните и за нас, но морам да му потенцирам и објаснам дека новата нормалност со која ќе се соочат е дека СДСМ, Зоран Заев и сите останати од власта на СДСМ се завршена приказна и ќе одговараат за сите криминалии кои ги сториле во минатото – изјави Арсовски. 

Претходно, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, на прес-конференција изјави дека „секој потег, секоја одлука и секоја политика на СДСМ е и ќе биде исклучиво во функција на граѓаните, во интерес на државата. За нас најважни се граѓанитe“.

Николовски нагласи дека секое одлагање на изборите подалеку од крајот на јуни е туркање на земјата во голема политичка, економска и здравствена криза. За СДСМ овој период има три клучни приоритети:

  1. Заштита на здравјето
  2. Нова, брза трансформација на економијата
  3. Функционални институции кои се гарант за силна демократија

Сите досегашни параметри укажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Македонското јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата.Го заштитивме здравјето на граѓаните и ја вративме довербата во институциите.

Веќе го живееме новото нормално. Време е таа нова нормалност на здравствен, економски, но и демократски план да ја обезбедиме. За нова и брза трансформација на економијата и целосно функционални институции кои се гарант за силна демократија потребни се избори во првиот можен термин, порача Николовски.

Поврзани содржини