ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Заев со свиткана кичма доведе до целосна негација на државата, нацијата и народот
Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европска вредност, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беше објавен меморандум со објаснувања од Бугарија пред ЕУ дека Македонија поддржува антибугарска политика.
„Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кој за власт, пари и тендери е подготвен за трговија. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, без суштинска работа и резултати ги зголемува апетитите на оние имаат поинакви интереси од државните и националните на нашата држава“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму го повикуваат Зоран Заев да понесе одговорност зашто, како што велат, повторно ги доведува европските интеграции на земјава во ќорсокак овој пат во услови на тешка социјална, здравствена и економска криза.
„Заев не е иднината на оваа земја, туку тегот и изворот на сите проблеми“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.