ВМРО-ДПМНЕ: Полициски час, кризна состојба, ама Заев ќе си тера попис

Заев не се откажува од попис и по цена да се реализираат проценките дека во тој период на спроведување на пописот би имало околу 2.400 починати и околу 50.000 заболени, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

256

Продолжен полициски час, кризна состојба, ама Заев решил дека мора да го исполни меѓупартискиот договор и да се одржи попис, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Заев не се откажува од попис и по цена да се реализираат проценките дека во тој период на спроведување на пописот би имало околу 2.400 починати и околу 50.000 заболени. На Заев и Филипче не им е гајле за здравјето на граѓаните. Заев има единствена грижа да ги реализира тесните партиски интереси, да го реализира тоа што си го договорил со владиниот партнер. Заев не се интересира што секојдневно има по неколку десетина починати. Заев не се грижи што бројката на починати е речиси 3.500 лица. Заев не се грижи што нема склучено нити еден договор за набавка на вакцини и што нема вакцини против корона. Ама затоа ќе си го истера договорот за политички попис по цена на животот на граѓаните. Ќе дојде време кога ќе одговарате за сите постапки, а најтешки се загрозувањето на животите и здравјето на граѓаните на Македонија“, наведено е во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини