ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за поврат на парите на граѓаните вакцинирани во Србија
Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ, околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се вакцинирале во Србија.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе закон со кој што се предвидува да им бидат вратени средствата кои што ги потрошија македонските граѓани за да можат да се вакцинираат надвор од Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ очекува дека тој закон ќе биде поддржан од сите пратеници затоа што, како што нагласува, е за доброто на граѓаните, а од владата на Филипче и Заев веќе не може да се очекува ништо, бидејќи се покажаа како целосно неспособни да обезбедат вакцини.
Неодговорноста и доцнењето на власта при набавка на вакцини против ковид-19 чини човечки животи, а фијаското со вакцинација ги принуди македонските граѓани да се вакцинираат надвор од границите на Македонија, реагира Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ, околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се вакцинирале во Србија.
„За сите во светот вакцината против ковид-19 е бесплатна, но македонските граѓани поради неспособноста на Заев и Филипче ја платија преку трошоци за превоз и за престој во соседните држави за да се вакцинираат. Со оглед на тоа дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано“, се наведува во соопштението.