ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници

261

Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик за непостапување по здравствени прописи  во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава, изјави пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

– Кривичните пријави се против претседателот на Собранието којшто овозможи да присуствуваат двајца пратеници коишто беа позитивни на ковид, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така цитираниот закон за заштита на населението од заразни болести. Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава. Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, којшто внимавајте имаше измена и дополнувања коишто ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, којашто се надеваме дека ќе се процесуира итно – рече Панова.

 

Поврзани содржини