ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗГЛАСУВАЊЕ НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА В четврток ќе имаме 61 пратеник, а можеби и повеќе!

Очекуваме претседателот на Собранието во најбрз можен рок да свика седница на која ќе се гласа за доверба на владата. Доколку во моментов треба да се гласа доверба на владата или најдоцна во четврток, очекувам да имаме 61 пратеници, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

723

Премиерот Зоран Заев не ја поднесе оставката што ја најави пред цели осум дена, па ние поднесовме иницијатива за гласање доверба на владата, рече потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој посочи дека во Собранието се доставени потписи од вкупно 61 пратеник.

– Во овој момент се поднесува иницијатива за доверба на Владата. Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе резултати во претходните 5 години, туку напротив, наместо да го сочува достоинството на државата, таа секојдневно ги изневеруваше граѓаните. Останувањето на оваа влада при таков изборен резултат на локалните избори ќе значи само продолжување на политичката криза, надополнета со економската криза и со кризата со пандемијата. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија за предизвиците. Време е поделбите да престанат, ѕидовите во општеството да се срушат. Изминатите 5 години се доказ дека оваа влада владее со конфликти. Не се грижат ниту за народот ниту за државата. Поради сето ова, бараме Собранието да гласа за доверба на владата – истакна Николоски на денешната прес-конференција.






Тој рече дека иницијатаивата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Беса и на Левица.

– Вкупно 61 пратеник ја потпиша оваа иницијатаива. Очекуваме претседателот на Собранието во најбрз можен рок да свика седница на која ќе се гласа за доверба на владата. Доколку во моментов треба да се гласа доверба на владата или најдоцна во четврток, очекувам да имаме 61 пратеници. Но, очекуваме дека иницијативата ќе ја поддржат и повеќе од 61 пратеник. Ние високо ја цениме работата на пратеникот Скендер Реџепи, кој е чесен човек, и сметам дека неговата изјава беше јасна, односно дека ќе поддржи недоверба на владата. Во однос на составување нова влада или евентуални брзи избори, тоа е нешто што ќе разговатаме после четврток. Реџепи ќе гласа за недоверба на оваа влада и тука ја затвораме темата – истакна Николоски.

Доколку можат да се склопат интересите и политичките програми на политичките партии, додаде тој, тогаш секако дека може да се оди со политичка влада.

– Но, доколку интересот на пратениците е да се оди на брз избори, тогаш ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори. Зоран Заев пред цели осум дена ја најави својата оставка и веќе осум дена не ја поднесува оставката во Собранието. Откако ќе изгласаме недоверба на владата, тогаш практично почнува да тече уставниот рок од 10 дена за доделување мандатар. Претседателот на Собртанието е должен веднаш да го извести претседателот на државата дека е изгласана недоверба, а претседателот треба да го искористи рокот од 10 дена за да му го врачи мандатот на новиот мандатар. Но, ние сега сме на првиот чекор, а тоа е да ја срушиме оваа влада – посочи Николоски.

Поврзани содржини