ВМРО-ДПМНЕ ПОЧНА РАЗГОВОРИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Се размислува и за одреден изборен праг

Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби и со други претставници на парламентарни партии на кои што ќе се разговара во однос на ова законско решение.

123

ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери од денеска почнуваат суштински разговори со парламентарните политички партии, пред сѐ, со партиите потписници на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, а во текот на наредните денови ќе разговараат и со другите парламентарни политички партии.

– Целта на средбите се измените кои што се предлагаат, односно формирање една изборна единица нешто што како Предлог-закон е стигнат во Парламентот потпишан од одреден број наши колеги пратеници – рече Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.






Денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имале средба со Демократскиот сојуз претставуван од пратеникот Павле Трајанов и со пратеникот Љупчо Балковски од ВМРО-Народна партија.

– Една изборна единица беше темата на разговорите за која што се дискутираше на тие средби и секако можноста за размислување односно нивните предлози за поставување одреден праг при тие изборни процеси. Со различни идеи се политичките партии, на крај заклучивме дека овој процес треба да отпочне во насока на демократизација на државата. Гледаме дека се создава клима за оваа работа и процесот ќе продолжи и во наредниот период. Секако со отворањето на самата тема, односно со поставувањето на законот на Комисија, а потоа и на пленарна седница, ќе има можност за него да се разговара, да бидат употребени анализите од компаративното право кои што ќе дадат размислување дали и колку би требало да биде прагот и на кој начин да продолжи активноста, односно целиот процес околу ова законско решение – додаде Мицевски.

Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби и со други претставници на парламентарни партии на кои што ќе се разговара во однос на ова законско решение.

Поврзани содржини