Градоначалникот на скопската општина Гази Баба Бобан Стефковски на социјалните мрежи објави снимка на која се гледа дека почнало славје на ВМРО-ДПМНЕ.
Во тек е пребројувањето на гласовите од претседателските избори. Според резултатите од пребројани повеќе од 60 отсто гласови на веб-страницата на ДИК кандидатката Гордана Силјановска-Давкова води со повеќе од 100.000 гласови пред Стево Пендаровски од СДСМ.