ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само во главата на Заев

Затоа имаме состојба на 600.000 граѓани што живеат во сиромаштија, 60.000 нови невработени и 6.200 затворени компании за само една година. Реалноста е дека овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

226

Реалноста во Македонија е дека над 65 отсто од вработените работат за месечна плата помала од 25.000 денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно нископлатени и состојбата во економијата е навистина лоша. Во Македонија постои фрапантна бројка на лица кои земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија со СДСМ на власт е рекордер во регионот со падот на вработеноста во приватниот сектор и тоа го потврдува и Извештајот на Светска Банка за пролетните прогнози за земјите од Западен Балкан, каде што во државата е забележан пад од 12 отсто наспроти регионалниот просек од 6 отсто. Македонија е држава со најмалку странски директни инвестиции во споредба со земјите од регионот. Албанија и Србија имаат 5 до 15 пати повеќе инвестиции од нас. Дополнително Македонија има пад на БДП од-1,9 отсто, а сите земји од регионот бележат раст на економијата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата додаваат дека долгот надмина 7 милијарди евра, а само во време на власта на Заев е зголемен за 2,4 милијарди евра. Тоа значи дека Заев го задолжи секое семејство во просек по 4.800 евра, а не направи ништо, бидејќи и оваа година како и изминатите имаме катастрофално лоша реализација на капитални инвестиции.

– Затоа имаме состојба на 600.000 граѓани што живеат во сиромаштија, 60.000 нови невработени и 6.200 затворени компании за само една година. Реалноста е дека овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните. Успеа Заев само да ги подели граѓаните на мала елита на власта која енормно се богати и јаде од златни лажици, и огромно мнозинство кое едвај преживува – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини