ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје планира уште 65 партиски вработувања во ЈСП Скопје.
„Во безидејност и очекување на сигурен пораз на локалните избори во Град Скопје, СДСМ продолжува со превработувања во јавните претпријатија. Во викенд изданието на дневниот весник ,,Нова Македонија” објавени се два огласи за вработување во ЈСП. Едниот оглас е објавен за нови 39 вработувања а додека на другиот се предвидени нови 26 партиски послушници“, објави ВМРО-ДПМНЕ.