ВМРО-ДПМНЕ: Пасош од Спасовски имал и лидерот на Кавачки клан баран за дрога и свирепи убиства

Лидерот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер кој е баран заради трговија со дрога и свирепи убиства, според медиумите во регионот имал македонски пасош.

333

Како да беше малку меѓународниот блам со издавањето на официјални македонски исправи на криминалци од Шкаљарскиот клан, сега гледаме дека македонски исправи имал и водачот на ривалскиот Кавачки клан, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Лидерот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер кој е баран заради трговија со дрога и свирепи убиства, според медиумите во регионот имал македонски пасош. Да потсетиме дека со аферата „Мафија“ беше разоткриен мегаскандал во кој МВР издавал оригинални македонски пасоши на криминалци со злоупотреба на идентитет на македонски граѓани. Биле издадени 214 пасоши на мафијаши, наркобосови, убијци, терористи па дури и криминалци од завојувани кланови – велат од партијата.






Од тану додаваат дека Владата на Заев и Спасовски давале закрила на светската мафија, но очигледно поради нивната криминогеност успеале да ги обединат сите белосветски хохштаплери, криминалци и убијци околу себе, па макар биле тие ривалски и крвни непријатели.

Поврзани содржини