ВМРО-ДПМНЕ ОТКРИ НОВ СКАНДАЛ Владата овозможила сопругата на директорот на Агенцијата за разузнавање да добие грант од 620.000 евра

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој го откри скандалот ги повика ДКСК и ЈО да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување на одлука која е во интерес на трета страна, за возврат на материјална или нематеријална корист. 

1,345

Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од претседателот (Стево) Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра, обвини денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и  Јавното обвинителство да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување на одлука која е во интерес на трета страна, за возврат на материјална или нематеријална корист.






– За да добие 620.000 евра сопругата на Еролд Муслиу, Владата морала да склучи меморандум со Конзорциумот на невладини чиј основач е невладината на неговата сопруга. Во спротивно, сопругата на Муслиу не можела преку Конзорциумот на невладини да го добие грантот од 620.000 евра. Имено, 4 невладини организации со меморандум формирале конзорциум за да аплицираат за грант од странски донатор од областа на безбедноста. Две невладини организации се под контрола на сопругите на Директорот на АР Еролд Муслиу и на виицепремиерот Фатмир Битиќи. Вака формираниот конзорциум во чиј состав се и двете наведени НВО, добива странски грант од 620.000 евра – појасни Ковачки.

Според него, клучното е тоа што на седница на Влада на која присуствува и вицепремиерот Битиќи, го задолжува националниот координатор за борба со тероризам да склучи меморандум со наведениот конзорциум и тоа токму на полето на безбедноста.

-Имено, поради донесената одлука на Влада за склучување на меморандумот, парите од грантот завршиле во невладината организација на сопругите на Директорот на АР и на вицепремиерот – рече Ковачки.

Ги повикуваме ДКСК и ЈО да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување на одлука која е во интерес на трета страна, за возврат на материјална или нематеријална корист.

Поврзани содржини