ВМРО-ДПМНЕ ОСВОИ 22 СДСМ 9 ДУИ 3 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Првични резултати на ДИК
ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалници во првиот круг на локалните избори, коалицијата на СДСМ 9, а ДУИ тројца градоначалници, покажуваат првичните резултати што вечерва ги соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски.
Сега течат роковите за приговори, а конечните резултати за 80 општини и Град Скопје ќе бидат објавени по завршување на постапката за приговори. Од досега обработените податоци, градоначалници се избрани во 34 општини.
Втор круг ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.
Кандидатите на СДСМ се избрани во Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево и во Струмица.
ДУИ освоија градоначалници во Липково, Пласница, Сарај уште во првиот круг.