ВМРО-ДПМНЕ ОСТВАРИ СЀ ШТО ВЕТИ Целта на владата е членство на Македонија во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка партија, се заложува за евроинтеграција на Македонија, силна борба против криминалот и против корупцијата, забрзан развој на македонската економија, рамномерен регионален развој, намалување на даноците, зголемување на пензиите и на платите, подобрување на патната и на железничката инфраструктура, како и за градење добри односи со сите соседи, но и со сите држави и влади во светот, објаснува координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

82

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во интервју за порталот Поглед, се осврна на актуелните политички прашања.

Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, како и секоја политичка партија, како во Македонија, така и во светот, нормално е да напредува и паралелно да ги следи политичките и општествените текови и случувања.






– ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што постојано се развива, расте и еволуира. Сметам дека тоа е нормален и континуиран процес кој ниедна партија не може и не смее да го заобиколи и да го избегне. Сепак, мислам дека кај нас има политички партии коишто свесно се обидуваат да му пружаат отпор и му пружаат отпор на овој процес, но за жал тие остануваат заглавени во минатото, не можејќи да ги задоволат потребите и барањата на своите гласачи, но и генерално на сите граѓани на Македонија – изјави Мицевски.

Во однос на прашањето за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав, тој појасни дека приоритетите се исти како оние коишто ги ветувале во предизборната кампања.

– Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка партија, се евроинтеграција на Македонија, силна борба против криминалот и против корупцијата, забрзан развој на македонската економија, рамномерен регионален развој, намалување на даноците, зголемување на пензиите и на платите, подобрување на патната и на железничката инфраструктура, како и за градење добри односи со сите соседи, но и со сите држави и влади во светот – додаде Мицевски.

Мицевски дополни дека ВМРО-ДПМНЕ е македонска партија којашто е демократска, отворена, и партија којашто секогаш прифаќа различни мислења.

– Без разлика дали станува збор за мислења и за идеи кои доаѓаат од високи партиски функционери или, пак, од месните комитети, од член или од активистите. Токму тоа е силата и предноста на ВМРО-ДПМНЕ како народна партија – заклучи тој.

 

Поврзани содржини