ВМРО-ДПМНЕ: Оставки од Дескоска и директорот на Идризово по видеото од затворот

640

После скандалозниот партиски митинг на СДСМ во затворот Идризово мора да има одговорност. Во најмала рака од морални причини за ова требаше уште вчера оставка да си поднесат министерката за правда Рената Дескоска Тренеска, под чија надлежност се затворите, директорот на Управата за извршување на санкции и директорот на затворот Идризово, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следи откако беше споделено видео во затворот од собир на затвореници со знаме и парола на СДСМ, а за кое вчера од владејачката партија се огрдија коментирајќи дека немаат поврзаност со овој настан и не го оправдуваат однесувањето на затворениците.






– СДСМ го претворил затворот во месна организација во која се одржуваат состаноци, се прават митинзи и се веат знамиња на партијата. Затворениците се повикуваат на Заев, Шекеринска и други партиски функционери и вршат притисок врз лицата на издржување на казна во затворот да гласаат за СДСМ, што е невиден скандал – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваат сите надлежни институции соодветно да реагираат, да биде нотиран предвремен почеток на кампања на СДСМ во институција на државата и истиов настан да биде санкциониран.

Поврзани содржини