ВМРО-ДПМНЕ ОДЛУЧИ ЗА ГЛАВНИОТ ГРАД Партијата застанува зад независната Данела Арсовска
Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје. Скопје заслужува силна жена за градоначалник, која ќе ги штити интересите на градот - рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот и централниот одбор на најголемата партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ денеска одлучи дали партијата ќе ја поддржи независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.
Ова денеска на прес-конференција го потврди лидерот на партијата Христијан Мицкоски, по завршувањето на средбите на извршниот и централниот одбор.
– Во Скопје има недостаток од градоначалник и тим кој ќе го унапредат градот. Делови на Скопје немаат вода за пиење, имаат проблем со канализација, Партизанска се поплавува, нема Луна парк, а има бетон, бетон и бетон. Бетонот го загрозува квалитетот на животот. Епилогот е создавање на апатија, гадење од политика кај граѓаните, демотивација. Затоа на Скопје му е потребен менаџер на градот. Личност кој ќе ги обедени сите – рече Мицкоски.
Застанувањето зад Даниела Арсовска, според Мицкоски е сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
– Имавме на ум да најдеме решение што нѐ обединува и кое во натпартиски аспект ќе знае како да решава луѓе и проблеми … За ова одлучивме да го поддржиме следниот градоначалник на Скопје, а таа е Даниела Арсовски – рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Арсовска е жена која го предводи сојузот на стопснки комори на Македонија. Таа е прогласена е за најдобар женски во деловниот свет во југоисточна Европа.
– Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје. Скопје заслужува силна жена за градоначалник, која ќе ги штити интересите на градот – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, независната кандидатка Данела Арсовска ја доставила својата програма до партијата и ја побарала нивната поддршка.
– Ние ја погледнавме нејзината програма, поради тоа сметавме дека ќе ја поддржиме Арсовска на следните локални избори. Ние не ја кандидиравме Данела Арсовска, не ја кандидираат граѓаните на Скопје – истакна Мицкоски.
Арсовска е на чело на Сојузот од 2014 година. Претходно беше член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Северна Македонија. Арсовска има магистратура по економија од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.