ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува да собира потписи за поништување на Законот за попис

205

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со кампања за собирање потписи за понишување на Законот за попис и апелира до сите граѓани да се придружат.

– Ние започнуваме уште од утре насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните. Ќе нѐ има секаде низ плоштадите, ќе нѐ има на улиците. Секој кој што сака да ни даде поддршка да дојде да се потпише, бидејќи сакаме што повеќе граѓани да бидат опфатени, а потоа се разбира ние заеднички да ги поднесеме за соборување на овој закон. Секако тука ќе бидеме сите пратеници да се потпишеме и потоа да ги доставиме – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

 

Поврзани содржини