ВМРО-ДПМНЕ ОД УТРЕ ЌЕ ПОЧНЕ ДА ОБЈАВУВА „БОМБИ“ Први на удар се поранешните градоначалници на СДСМ и на ДУИ
Утре во 11:00 часот на прес-конференција ќе обелодениме како еден скопски градоначалник преку скандалозен тендер за улично осветлување направил криминал од илјадници евра, најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук вечерва објави дека од утре започнува со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ и од ДУИ.
„Започнуваме со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ/ДУИ. Утре во 11:00 часот на прес-конференција ќе обелодениме како еден скопски градоначалник преку скандалозен тендер за улично осветлување направил криминал од илјадници евра. Следете нè“, се вели во објавата на Фејсбук.