ДАЛИ СДСМ Е НА СТРАНА НА НИКОЛАС МАДУРО? ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто партијата 48 часа е без став за апсењето на венецуелскиот претседател
Венко Филипче треба да објасни како неговата партија се претвори во идолопоклоник на диктатори и шверцери на дрога. СДСМ веројатно под влијание на своите ментори и ПР стратези од северот се стави во групата партии поддржувачи на Мадуро“, се наведува во соопштението.
СДСМ е јасно на страната на соборениот венецуелски диктатор Николас Мадуро. Тие дури и 48 часа по акцијата на САД немаат став за апсењето на овој диктатор. Со тоа СДСМ се вбројува во ретките политички партии кои поддржуваат шверц и трговија на дрога, режим и диктатура, наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
„Не чувме никаков став ниту од лидерот на СДСМ кој во моментот е на скијање во зимскиот монденски центар Гармиш-Партенкирхен заедно со неговиот шеф Зоран Заев. Венко Филипче треба да објасни како неговата партија се претвори во идолопоклоник на диктатори и шверцери на дрога. СДСМ веројатно под влијание на своите ментори и ПР стратези од северот се стави во групата партии поддржувачи на Мадуро“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ ваквото однесување на лидерот н СДСМ да го објаснат на два начини.
„Или СДСМ скршна од курсот за стратешко пријателство со САД или причината е многу поедноставна – Зоки Заев и Венко се зафатени со зимски лудории во Гармиш-Партенкирхен каде се на зимски распуст“, се вели во соопштението.