ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА КРИМИНАЛНИ ЗДЕЛКИ ВО РЕК БИТОЛА Се изнајмуваат машини кои веќе се купуваат

Портпаролот на партијата вели дека вредноста на зделката со приватни компании за четири тендери е 688.455 евра.

467

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно обвини дека СДСМ на криминален начин преку РЕК Битола  испумпува пари од државата. Според партијата, и покрај тоа што РЕК Битола информира дека набавила механизација, повторно објавува тендери за ангажман на приватни компании кои имааат таква механизација за извршување на работите.

– Она што е најинтересно е дека конечно се обидоа да набават некоја смешна бројка на механизација оваа година со јавната набавка 10057/2020 за набавка на нова помошна механизација каде од 20 можни договори се склучија 16. Останатите 4 се поништија. Договорите со бр. 10057/2020 за набавката на нова опрема се склучија на 15 февруари 2021 година со рок на испорака од шест месеци за девет договори,  девет месеци за четири договори и 12 месеци за три договори. Тие со рок за испорака од шест месеци веќе требаше најдоцна до 15 август 2021 година до пред десеттина дена да бидат испорачани и да работат во РЕК Битола. Но, АД ЕСМ  објави дека пристигнал дел од опремата како дампери, утоварувачи, камиони, грејдер и дигалка. Зошто сега во јавната набавка која е во тек потенцирам под број 14174/2021 се бара услуга од приватни компании за овие машини како утоварувач, грејдер, автодигалка…. Сами се фалеа дека оваа опрема пристигна, истата е нова и е во функција, каде е сега таа опрема и зошто се изнајмува иста таква опрема од  приватна компанија – рече портпаролот на партијата Димче Арсовски  на денешната прес-конференција Арсовски.






Тој информира и за друга набавка за која се склучени три договори на 10 август 2021 со која се бараат услуги за  цистерна за вода со волумен 8 кубни метри со пумпа за распрскување вода, за користење на помошна механизација булдожер со мотор од минимум 280 кW и за користење на помошна механизација камион со волумен на сандак минимум 13м3.

– Сите овие три договори се склучени во вредност од 42.340.000 денари или 688.455 евра. Иако бараната цистерна и камиони требаше согласно договорите за набавка на новата опрема да бидат во РЕК Битола најдоцна до 15 август 2021 година. Наместо тоа, се склучуваат договори за позајмување и изнајмување. Овде во РЕК Битола, во оваа Влада сериозно мириса, да не речам смрди народски кажано на сериозен криминал во милионски суми. За сето ова некој ќе понесе одговорност по падот на оваа власт – рече Арсовски.

Тој го обвини директорот на ЕСМ Васко Ковачевски за ваквите „набавки“ во РЕК Битола.

-Васко Ковачевски кој самиот се става во таа клапа сето ова што го прави за нивни атер треба да биде свесен дека ова се пари на граѓаните, и овие милионски суми кои сега се испмумпуваат некој ќе одговара еден ден.РЕК Битола не е ништо повеќе во очите на СДСМ, од рудник за пари кои ги испумпува фамилијата на власт вели Арсовски.

Арсовски потсети дека да не се поништеше тендерот во 2017 година распишан од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во РЕК Битола сега ќе беше исплатена механизацијата и ќе се заштедеа пари.

– СДСМ иако беше најгласна за РЕК Битола пред да дојде на власт, изминативе четири години ја оштетија државата преку РЕК Битола над 120 милиони евра. Зошто? затоа што толку чинат тендерите кои ги земале приватни фирми за работење во РЕК Битола. Да се потсетиме, дека имаше објавено оглас за набавка на механизација која ќе ја исплатеше самиот комбинат уште во 2016 година за во 2017 година да биде раскинат. РЕК Битола, државата и граѓаните ќе заштедеше пари во вредност од 20 милиони евра, наместо тоа, СДСМ го поништија тендерот кој го споменав и продолжија да ангажираат помошна механизација од приватни фирми. Зошто? Затоа што требаше да продолжат да работат нивни блиски луѓе со кои делат пари, а деталите понатака ги знаете преку случајот со рекет во РЕК Битола – рече  Арсовски.

Поврзани содржини