ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНИ ДЕКА ВЛАСТА НЕ МИСЛИ НА НАРОДОТ Додека тие се луксузираат, 35 отсто од граѓаните станаа сиромашни
Според ВМРО-ДПМНЕ, мерките за справување со кризата на власта се нецелосни и задоцнети, а тоа го покажуваат и бројките.
Додека власта се луксузира, над 35 отсто од граѓаните се во ризик на сиромаштија, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека процентот на растот на инфлацијата е поголем од растот на платите во Македонија, а со тоа целосно е уништен стандардот на граѓаните.
– Власта на СДСМ и ДУИ ги интересира само луксузирањето на нивните функционери. Енормни суми се трошат за гоштевање, нов возен парк за министрите и директорите, нов мебел, а за граѓаните зголемување на цените на сите неопходни продукти. Граѓаните тонат во сиромаштија. Поскапувањата на основните продукти за 30-50 отсто, лебот на над 110 отсто, на горивата за над 70 отсто, а цената на струјата за 30 отсто додатно удираат по џебот на граѓаните – велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, мерките за справување со кризата на власта се нецелосни и задоцнети, а тоа го покажуваат и бројките.
– Над 35 отсто од населението во државата е во ризик на сиромаштија, секој ден имаме десетици фирми кои ставаат клуч на вратите и стотици луѓе кои ја се отпуштаат од работа – велат од партијата.
Оттаму и со став дека лошата слика во економијата и катастрофалните економски политики доказ се процентот и бројките по растот на БДП за 2021 година.
-Македонија е закована на дното во регионот со само 4 отсто раст на БДП. Споредбено со другите земји каде што Косово во 2021 има раст на БДП од 10,53 отсто, Албанија има раст 8,54 отсто, а Србија има раст од 7,40 отсто.Сите економски показатели се во негатива, но само долгот на државата кој го генерира оваа власт е во раст. Со оваа власт државата ја надмина психолошката граница на над 61% и надмина над 7 милијарди евра. Со оваа криминалната власт секој граѓанин во државата е задолжен за над 3.500 евра – велат од ВМРО-ДПМНЕ.