ВМРО-ДПМНЕ: Образованието е во хаос, нема програми и учебници, а онлајн платформата не е готова
Од партијата потсетуваат дека платформата за онлајн настава сѐ уште се изготвува, а наставниците, родителите и учениците се речиси во паника поради нејзино непознавање и потребата од обука.
На само две недели пред почетокот на новата учебна година на први октомври повторно хаос во образованието. Училиштата неемаат добиено скратена програма за да можат наставниците да се подготват, а платформата за онлајн настава сѐ уште не е подготвена. Нема печатени и ниту електронски учебници, а родителите учениците и наставниците се во паника, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Во август директорите на училиштата, назначени од Владата на СДСМ и ДУИ ги викаа наставниците итно од годишен одмор, за да го креираат годишниот училишен план, за сега да го поправаат. Се покажа дека дел од училиштата го предале, а дел не, но поважно од тоа е што тој поради скратување на училишната година за 138 училишна часа, сега треба да се преправа – велат оттаму.
Од партијата потсетуваат дека платформата за онлајн настава сѐ уште се изготвува, а наставниците, родителите и учениците се речиси во паника поради нејзино непознавање и потребата од обука.
– Колку за информација во руралните средини и подрачни училишта наставниците им ја инсталираат платформата на учениците при што две до три деца користат еден компјутер. Интернет врските во огромен дел од училиштата се лоши и во огромен дел од училиштата наставниците немаат компјутери, лаптопи, па дури ни таблети.Сосема е јасно дека 30.000 компјутери не може да се набават за 30 дена – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
И покрај прредупредувањата од наша страна, велат од партијата, немаше кој да нѝ слушне, затоа што во тек на летото се беше поважно од образованието.
– Од заштедите што училиштата ги остварија во претходното полугодие, директорите на СДСМ и ДУИ наместо да набават опрема, да го појачат интернетот, да набават средства за хигиена, фарбаа, менуваа врати, поправаа огради, поправаа фасади и менуваа сијалици.Учебната година можеби и ќе почне на први или на петти октомври, ама учењето не, јасно е како бел ден – велат од ВМРО-ДПМНЕ.