ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од загадувањето во Скопје: Шилегов не мрдна со прст! (ФОТО)
Скопје цели три години е оставено без капитални проекти и тапка во место. Градоначалникот лажго го загрозува здравјето на скопјани, наведено е во соопштението.
Скопје се гуши, утро 24 јануари 2021 година. Шилегов ветуваше чист воздух за сите, епилогот низ фотографии покажува дека Скопје се труе, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
„За цели три години мандат скопскиот градоначалник не мрдна со прст за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Пред изборите ветуваше чист воздух за сите. Три години потоа резултатите се запрепастувачки лоши. Нема ниту еден проект за решавање на горливиот проблем, а неговите чекори се фасадерски и несуштински. Скопје цели три години е оставено без капитални проекти и тапка во место. Градоначалникот лажго го загрозува здравјето на скопјани“, наведено е во соопштението.