ВМРО-ДПМНЕ: Николовски молчи додека Шилегов и Заев се рекламираат со државни пари
Оттаму додаваат дека доколку Николовски го премолчи ова само ќе потврди дека вицепремиерското место му е само за земање плата.
Петре Шилегов и Зоран Заев трошат 130.000 евра од парите на граѓаните на Град Скопје за да се рекламираат преку маркетинг агенција. Шилегов и Заев ќе плаќаат медиуми за промотивни пишувања и реклами, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека Заев беше во опозиција рекламирањето на државата беше корупција, а сега истиот корумпира медиуми на големо. Заев кога дојде на власт кажа дека никогаш нема да се трошат државни пари за реклами на владата и институциите. Заев излажа. Љупчо Николовски молчи за како што самиот Заев рече корумпирањето на медиуми од оваа власт. Љупчо Николовски е безгласна буква и извршува функција само заради плата, без суштински да се бори против корупцијата. Љупчо Николовски треба веднаш да му забрани на Шилегов и Заев да го спроведат огласот – истакнуваат од опозицијата.
Оттаму додаваат дека доколку Николовски го премолчи ова само ќе потврди дека вицепремиерското место му е само за земање плата.