ВМРО-ДПМНЕ: Нема лекари и болнички кревети, има 35 починати лица, а Флипче и Заев подготвуваат изборен поткуп

Од ВМРО-ДПМНЕ дека иако три дена поминаа од прогласувањето кризна состојба на повидок нема ниту една мерка.

314

ВМРО-ДПМНЕ и попладневно побара оставка од министерот за здравство Венко Филипче, откако Министерството за здравство соопшти дека починале уште 35 пациенти од ковид-19, а состојбата за сместување на нови пациенти во болниците станува потешка.

– Филипче секој ден закопува неколку десеттина граѓани и око не му трепнува, a само во последното деноноќие почина 35 лица.Бројката на починати 1.546  лица, или толку фамиии завиени во црно.Но, што право Филипче? Болнички кревети нема ни за лек, се моли кај се стигне за да бидат сместени лицата со корона. Медицински лица кои ќе се грижат за болните уште помалку. Но, затоа Македонија е трет ден во кризна состојба, а ниту една мерка не е на повидок. Освен ако не мислат дека мерка е тоа што армијата ја претвораат во агенција за обезбедување – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата велат дека трет ден од прогласување на кризна состојба, а на терен нема ништо видливо, освен подготовка на поткуп на изборите во Штип.

-Трет ден кризна состојба, паралелно Заоран Заев и Филипче се подготвуваат на терен. Што им се активностите на терен? Очигледно повторно поткуп како на изборите во јули годинава.Време е за одговорност!Време е за оставки! – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини