Агендата „Европа дома“, е агенда за надвор од Европска Унија која Заев ја ветуваше. А, Европа не може дома додека криминалец како Заев кој е профитер дури од корона криза е премиер, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Агендата „Европа дома“ е нов неуспешен „План 3-6-9“,„План 18“, „Акција 21“, и какви ли нѐ уште имиња ќе чуеме. Факт е дека ништо суштински не е преземено, а Заев потроши нови четири години тапкање во место – велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Европа ќе дојде, кога народот за брзо ќе испорача план Заев дома, а потоа одговорноста ќе дојде неминовно.