ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПОДДРЖУВА БУНТ ПРОТИВ ВАКЦИНАЦИЈАТА Имаме малку вакцинирани, треба повеќе!

Централната здравствена комисија на партијата и највисокото раководство во континуитет повикуваат на вакцинација на популацијата, вели д-р Игор Николов.

827

ВМРО-ДПМНЕ не ги организираше протестите против вакцинацијата. Централната здравствена комисија на партијата и највисокото раководство во континуитет повикуваат на вакцинација на популацијата. Не подржуваме протести, бунтови против вакцинацијата.

Ова во интервју за Радио Слободна Европша го изјави д-р Игор НИколов, претседател на здравствената комисија на опзициската ВМРО-ДПМНЕ.






– Ние цело време потенциравме дека доколку вакцините беа навремено на располагање, доколку навистина се спроведеше едена вистинска стимулација на процесот на вакцинација и едно вистинско забрзување со промотивни мерки и промотивни активности на вакцинацијата, ќе имавме поголем вакцинален опсег. Не можеме во моментот да се пофалиме со вакцинален опсег од 32 проценти со прва доза од општата популација. Мала ни е бројката на вакцинирани од возрасната популација. За сето тоа зборуваме и дури забрзувањето на вакцинацијата беше една од препораките што ги дадовме пред да почне летото – вели Николов.

Тој ги критикува владините мерки за справување со пандемијата:

– Tребаше да се воспостави контрола на границите, на граничните премини. Во никој случај не смееше да се дозволat луди журки и забави во затворен простор. Можеби тоа не беше дозволено на хартија, официјално напишано, но сите бевме сведоци. Овие собирања во затворен простор траеја два ипол месеци, сите бевме свесни дека тоа ќе резултира со некаков исход, но никаква мерка не беше преземена, никаква корективна акција не видовме – вели Николовски.

Целото интервју на Радио Слободна Европа можете да го проследите на овој ЛИНК.

 

Поврзани содржини