ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа ултиматумот на СДСМ ако нема избори во јуни да има во декември.
„Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа и Зоран Заев не е ниту во состојба да уценува некого ниту да диктира услови. СДСМ се однесува несериозно и неодговорно. До вчера брифираа дека доцна есен ќе имало нов бран со корона, а сега велат ако нема избори во јуни тие ќе биле во декември. Со ова Зоран Заев и СДСМ докажуваат дека се коцкаат со судбината на граѓаните и ја уценуваат цела држава. Ваквиот нивен ултиматум е најголем доказ дека на Заев и СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните туку единственo политичките игри кои на Заев може да му донесат помал пораз. Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа и Зоран Заев не е ниту во состојба да уценува некого ниту да диктира услови“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Во СДСМ сметале дека ако нема договор меѓу партиите за избори до крајот на следниот месец, тогаш изборите треба да се одржат во редовниот термин а во меѓувреме да се врати политичката влада.
– Ако сме се договориле да имаме техничка влада за организација на избори, а истовремено е невозможно да се одржат изборите, тогаш треба да си ја вратиме политичката Влада и Собранието – рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов на синоќешното гостување на ТВ24.