ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е ЗАДОВОЛНА Оставката на Филипче не е доволна, потребна е оставка од Заев

594

Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако министерот за здравство во обраќањето до јавноста рече дека понудил писмена оставка кајн премиерот како морален чин по страшниот пожар во Тетово кој однесе многу жртви.

 

„Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски. Потребна е вистинска одговорност“, се наведува во соопштението.

 

Поврзани содржини