ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е КАКО СДСМ И ДУИ Мицкоски: Ние не се мешаме во внатрешните работи на политичките партии
Како ние што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ, така не сакаме ни ние да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии - рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за последните случувања во Алијанса на Албанците.
Ние не се мешаме, седиме на страна, бидејќи непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ кои директно се вклучени во случувањата во Алијанса на Албанците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во Алијанса на Албанците.
-Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред сè од ДУИ и СДСМ, но тоа е нивна работа – рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ни тој, ни партијата не се мешаат во внатрешните работи на останатите политички партии како што не сака другите партии да се мешаат во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ.
– Како ние што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ, така не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии – дециден е Христијан Мицкоски.