ВМРО-ДПМНЕ не блокира ништо во Собранието, само не дозволува да поминат криминалните проекти на Заев

За да сопрат погубните политики за граѓаните и државата Заев и СДСМ треба да си заминат од власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

335

Единствени кои работат против интересите на граѓаните и државата се луѓето од СДСМ, обвини преку соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој ништо не блокира, посебно не ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е кај нив самите, кај Заев. Заев нема мнозинство во Собранието, односно ги стави пред свршен чин неговите да гласаат за недоверба. Оттука проблемот треба да си го реши Заев. ВМРО-ДПМНЕ не е против ниту еден закон кој е во корист на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е против корупцијата и криминалот на кои сакаат да им дадат легитимитет во Собранието. За да сопрат погубните политики за граѓаните и државата Заев и СДСМ треба да си заминат од власт“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини