ВМРО-ДПМНЕ направи кадровски промени – Попов е нов претседател на УМС, Мицевски е Координатор на пратеничката група

1,153

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна седница на која се дискутираше на повеќе теми, со акцент на актуелната политичка состојба. Беше констатирано дека Владата која ја изгласаа СДСМ и ДУИ е со стари и истрошени кадри, кои во Македонија донесоа само криминал, корупција и рекет. Состојбата со економијата и растечката сиромаштија е се позагрижувачка, има одлив на странски инвестиции наместо привлекување и зголемување на невработеноста за нови 40 илјади, се вели во соопштението на опозицијата.

„Владата на СДСМ е влада која е регресивна и не може да ја води државата. Беа донесени и повеќе кадровски одлуки. Извршниот комитет го избра Сергеј Попов за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението.






На седницата на Извршниот комитет, наведено е таму, беше донесена одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3: Иван Живковски – ОК Кисела Вода; Дејан Митески – ОК Аеродром, Тони Јаревски – ОК Карпош, Гане Петров – ОК Центар, Жарко Ристески – ОК Македонски Брод, Јане Мицевски – ОК Сопиште, Кенан Абди – ОК Студеничани, Мартин Стојановски – ОК Сарај,  Бобан Стефковски – ОК Гази Баба, Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров, Ѓоко Велковски – ОК Чаир, Дарко Костовски – ОК Бутел, Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево, Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари, Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден, Марија Петрушевска – ОК Петровец, Коста Маневски – ОК Зелениково, Зоран Здравевски – ОК Чашка, Дејан Владев – ОК Свети Николе, Иван Јорданов – ОК Штип, Виктор Паунов – ОК Карбинци, Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево, Борчо Коцев – ОК Зрновци, Митко Костадиновски – ОК Виница, Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица, Бошко Цветковски ОК Лозово, Киро Нацков ОК Градско.

„Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за Координатор на пратеничката група го избра Никола Мицевски, а за негови заменици ги именува пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова. Донесена е одлука и за распишување на оглас за избор на претседател на УЖ НА ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели. Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески. Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини