ВМРО-ДПМНЕ: Наместо за учење, училниците се користат за партиски избори

Само во нашата држава училниците наместо за учење се користат за партиско гласање. Морбидно е во ден со 25 жртви од корона, СДСМ да се фали со организирани внатрепартиски избори, обвинува опозицијата.

329

Видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во нашата држава училниците наместо за учење се користат за партиско гласање. Морбидно е во ден со 25 жртви од корона, СДСМ да се фали со организирани внатрепартиски избори. Синоќа за време на полициски час Заев држеше прес, а народот плаќа казни за неносење маска. Следи ли казна за партиските војници на СДСМ кои евидентно синоќа го прекршија полицискиот час? За граѓаните е поважно што 60 илјади лица останаа без работа за една година, од тоа што толку лица наводно гласале за Ким Ил Заев кој во стилот на севернокорејски владетел беше единствениот кандидат на владејачката партија. СДСМ вчера само глумеше непосредни, демократски избори за избор на лидер на партијата на кои никој од СДСМ не смееше да му се спротивстави на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини