ВМРО-ДПМНЕ од 15 часот до 17 часот ќе протестира пред Министерство за надворешни работи под мотото „Доста е, Излези за Македонија“, против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.
Во изминативе три дена партијата организираше блокади на раскрсници во Скопје и 10 градови ширум Македонија.
„Доста е од тајните преговори кои во Софија ги води другарот на Заев, Бучковски, за дополнителни анекси на штета на Македонија. Јавноста има право на отчетност на владините министри пред јавноста и Собранието за сите битни надворешно-политички прашања“, напиша на Фејсбук Антонио Милошоски.