ВМРО-ДПМНЕ НА ПЛОШТАДИТЕ ЌЕ СОБИРА ПРЕДЛОЗИ ОД ГРАЃАНИТЕ Секој е добредојден да предложи проекти за својата општина

Од среда, 27 август, до среда 3 септември, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации ќе бидат поставени штандови, каде граѓанитеќе можат да напишаат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, најави генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

108

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека од 27 август до 3 септември на плоштадите во градовите низ Македонија и во партиските штабови партијата ќе собира предлози од гражаните за програмите за локалните избори.

– ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша народот. Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат преточени во проекти во програмите, а потоа и да бидат реализирани од позиција на власт. Во пресрет на локалните избори оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во период на пишување на програми за кандидатите за градоначалници ширум Македонија, а со таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство. Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација – рече генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.






За да добие јасна слика, додаде тој, за потребите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе 7 дневна теренска кампања за собирање идеи и предлози за проекти од граѓаните, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од среда, 27 август, до среда 3 септември, ќе ја спроведуваме акцијата – Предложи! Вистинската идеја за вашата општина! Во тие денови во периодот од 17 до 21 часот во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации ќе бидат поставени штандови, како дел од оваа кампања, каде граѓаните на посебен формулар ќе можат да напишаат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Во истиот временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата, каде членовите на партијата и граѓаните исто така ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект – рече Сајкоски.

Истовремено, додаде тој, во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози по електронски пат, на адресата [email protected]. И овие предлози ќе бидат разгледани, од тимот експерти кои ќе ги пишуваат програмите, исто како и предлозите од штандовите и од штабовите .

– Очекуваме масовен одзив на граѓаните, со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив и нивните потреби – рече денеска Сајкоски.

Поврзани содржини