ВМРО-ДПМНЕ: На лидерската да се усогласи заедничка стратегија за условувањата од Бугарија

393

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта на СДСМ дека крие и релативизира важни документи, со кои, како што вели, се подриваат темелите на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ, и предлага на претстојната лидерска средба да се разговара и усогласи заедничка стратегија како одговор на условувањата на Бугарија.

„Власта предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска во период на здравствена и економска криза крие и релативизира важни документи. Бугарија ја користи неспособноста, криминогеноста и алчноста на Заев и го условува членството на Македонија во ЕУ со почитување на договорот што ги потпиша СДСМ. Со овој документ се подриваат темелите на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ. Релативизирајќи ја новонастанатата ситуација со бугарскиот документ, ставајќи го проблемот под тепих, СДСМ прави голема штета на граѓаните и државата. До кога Заев и неговите соработници ќе го игнорираат ова прашање?“, прашуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму повикуваат на разум, државнички однос и заеднички договор за ова прашање.

„Затоа, ВМРО-ДПМНЕ предлага на претстојната лидерска средба покрај за состојбата со здравствената и економска криза како приоритет, да се разговара и усогласи заедничка стратегија како одговор на условувањата на Бугарија. Воедно треба да се постават основи за заеднички усогласена надворешна политика, како и стратегија за национална безбедност. Тоа треба да бидат документи со кои ќе се обврзни сите идни влади. На лидерската средба треба да се дадат одговори за здравствената и економската криза, како и да се изгради заеднички државен став за надворешната политика и националната бебедност“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите.

Поврзани содржини