ВМРО-ДПМНЕ: Најдобар начин власта да ги заштити граѓаните и Македонија е Заев да си поднесе оставка

338

Стравот кај премиерот во заминување Зоран Заев  и кај СДСМ е очигледен. Народот јасно и гласно се спротивставува на поразите и неуспесите кои што ги испорачува оваа власт. Нивната неспособност и неодговорност ја турка Македонија во ќор-сокак, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните покажуваат дека не се согласуваат со пазарџиската политика на Заев и неговите обиди на тезга да ги продава идентитетот, народот и јазикот.  Затоа се исплашени од револтот на цела Македонија. Најдобар начин да го заштитат здравјето и животите на граѓаните и да ја спасат Македонија е да спроведат една мерка, а тоа е Зоран Заев и неговата влада да си поднесат оставка и државата да ја води една нова влада на национален спас – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини