ВМРО-ДПМНЕ НАЈАВУВА ПЕКОЛНО ЛЕТО Ќе има целосна блокада на институциите и патиштата
Според партијата, предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата.
ВМРО-ДПМНЕ најавува целосна блокада на институциите, ако нема договор за предвремени парламентарни избори.
Од партијата информираат дека ќе бидат отганизирани разни протесни активности кои ќе се реализираат во целата земја, а тимови од Извршниот комитет на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува.
-Доколку (Димитар) Ковачевски и (Али) Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите и на патиштата се до договор за избори. Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.