ВМРО-ДПМНЕ најави тужба за клевети изречени за Мицкоски од страна на СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е жално што партија на власт не разликува државен советник од платен советник.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение најави тужба против СДСМ за клевата искажана во соопштение на партијата поврзана со прес-конференцијата на партискиот портпарол Димче Арсовски на која тој зборуваше за новите советници на премиерот.
„Прво, жално е што партија на власт не разликува државен советник од платен советник.Второ, ваквите свои обвинувања ќе треба да ги докажуваат на суд каде многу лесно ќе се разграничи дека се сурова клевета и лага“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до вистината додаваат во соопштението од партијата, како и според кои критериуми и каков оглас директорот на Центарот за лаги на СДСМ, Александар Поповски, си ја вработил својата сопруга Сандра Поповска во кабинетот на премиерот.
„Значи сопругот пишува лаги од седиштето на СДСМ, а сопругава штанца лажни вести од Влада.
И сето тоа под покровителство на сатрапот на македонскиот медиуми средношколецот Маријан Забрчанец. Очекуваме одговор на овие едноставни прашања“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата на СДСМ на пресот на Арсовски беше посочено дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски ја чинел државата 2 милиони денари како советник за енергетика во владата на Никола Груевски, кога државата годишно издвојувала по 1,73 милиони евра за 91 советник.