ВМРО-ДПМНЕ најави тужба за клевета против Костадинов

293

Ниту една прес-конференција не го покрива фактот дека во време на владата на СДСМ се зголеми цената на струјата, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ и најави дека можно е да поднесе тужба за клевета против портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува повикано да одговори на бруталните и безочни лаги на СДСМ и портпаролот Костадин Костадинов. За кажаните невистини адвокатскиот тим ќе достави барање за извинување поради изнесените лаги, и доколку не се извини ќе следува тужба за клевета“, се вели во соопштението на опозицијата.

Поврзани содржини