ВМРО-ДПМНЕ му ја врати Интерпелацијата на Џафери без преправки

Укажуваме дека Интерпелацијата и нејзината форма се единствени и врз неа не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог закони како што е наведено во член 136 од Деловникот на Собранието, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ до Џафери.

523

ВМРО-ДПМНЕ му ја врати Интерпелацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери упатена до него, без преправки.

Во дописот до кој дошла ТВ24 пишува дека забелешките на Џафери се однесуваат на предлог законот, а врз Интерпелацијата не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог на закони.






„Укажуваме дека Интерпелацијата и нејзината форма се единствени и врз неа не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог закони како што е наведено во член 136 од Деловникот на Собранието. Впрочем, членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а Интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон“ стои меѓудругото во дописот до Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „враќањето на поднесената Интерпелација, повикувајќи се на член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија“.

Поврзани содржини