ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ три дена молчел дека Мијалков планира да бега

Опозоициската партија смета дека министерот за правда треба да даде оставка, а оставка се бара и од Вилма Рускоска, обвинителка за организиран криминал.

352

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека министерот за правда му помогнал на Сашо Мијалков во планот за бегство бидејќи  три дена знаел за бегството и не презел ништо. Со ова велат од партијата се докажува дека имало договор меѓу  Заев и Мијалков

– Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бега и помагал да се реализира планот Заев – Мијалков.Мијалков кој бил помаган од власта на крај со црн владин пасат стигнал до ЈО, од каде правеше циркуз за потребите на Заев и глумеше изненаден- велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Според партијата во режијата на Заев за Мијалков учествувало и јавното обвинителство кое дозволило Мијалков 40 минути откако се пријавил, наместо да оди во куќен притвор да парадира пред камери и да го пере Заев.

– За ова или Русковска треба да си даде оставка или Маричиќ да си оди.Цела јавност ја гледа коалицијата Заев – Мијалков. Народот е против крими коалициите и одговорност ќе има – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини
na