ВМРО-ДПМНЕ: Македонска пошта е новиот бонбона бизнис за мафијата на Заев
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во овие 4 години власт Заев и неговата мафија ништо не изградија, туку само распродаваат.
Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија. Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, ликвидноста на Македонски пошти е во слободен пад. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир“ се вели во реакцијата..
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во овие 4 години власт Заев и неговата мафија ништо не изградија, туку само распродаваат.
„Не донесоа ниту еден посериозен инвеститор, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија.Економски Ја клекнаа Македонија на колена. Над 40.000 лица останаа без работа, создадоа 1 милијарда евра нов долг, а во второто тромесечие бележеа пад на БДП од 12,7%.Се што фати мафијата на власт или го искраде или го запусти,“ стои во реакцијата.