ВМРО-ДПМНЕ: Македонија урива рекорди во бројот на жртви од корона

197

Македонија продолжува со црните биланси од епидемијата. Заради лошото менаџирање со кризата, наместо да се стишува, епидемијата се уште е на нивото кога беше прогласена вонредна состојба, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот. Ова покажува дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки бараат начин како да ја спасат политичката кариера и како да го ублажат престојниот пораз на изборите. Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители. Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители. Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават.






При вакви состојби СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори, затоа што мислат дека така ќе се спасат. Се лажат. Македонија прво ќе ја победи епидемијата, а потоа ќе ги победи неодговорните и погрешни политики на Заев, пишува во соопштението на партијата.

 

Поврзани содржини