ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Лукаревска да зборува за враќање на ДДВ кога преку кризниот данок за една година зема 54 милиони евра од народот
Лукаревска зборува за одговорно работење, а во исто време фирмите на Заеви се на врвот на листата на најголеми должници на данок секогаш кога УЈП објавува извештаи за должници.
Сања Лукаревска денеска од прес конференција се фалеше за добрите економски политики, а во исто време над 60.000 луѓе за една година останаа без работа и 5.600 фирми ставија клуч на врата. Лицемерно е кога Лукаревска зборува за враќање на дел од ДДВ- то кај граѓаните, а во исто време поддржува донесување на кризен данок, со кој ќе земаат 54 милиони евра годишно од народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Лукаревска зборува за одговорно работење, а во исто време фирмите на Заеви се на врвот на листата на најголеми должници на данок секогаш кога УЈП објавува извештаи за должници. И покрај огромните долгови кон државата, фирмите на Заеви непречено секогаш работат, додека фирмите на обичниот народ се соочуваат со блокирани сметки и со најмало доцнење при уплата. Лукаревска спроведува само гол популизам. Како директор на УЈП таа не обезбеди малкуте пари од таканаречените мерки да завршат кај граѓаните, туку беа земани од фирмите, а тие не ги исплаќаа платите. Лукаревска кажа дека ќе ги казни, но не видовме до сега никаква активност од УЈП – велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Лукаревска наместо заштитник на народот, е заштитник на олигархијата.