ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот и корупцијата се главни приоритети на СДСМ во екот на пандемијата

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, се вели во партиското соопштение.

221

Владата на СДСМ навистина да се грижеше за здравјето на граѓаните немаше да крахира здравствениот систем, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Владата на СДСМ навистина да се грижеше за здравјето на граѓаните немаше да има толку починати. Владата на СДСМ навистина да се грижеше за здравјето на граѓаните немаше да бидеме први во регионот по заболени и по смртност.вПриоритетот на Владата на СДСМ и во екот на светска пандемија остана криминалот и корупцијата, државните пари и натаму завршуваат на сметките на државни и партиски функционери на СДСМ. Резултат на неспособноста на власта е секојдневната трицифрена бројка на новозаразени во Македонија и рекорден број на починати, додека на Заев и неговите функционери приоритет број еден останува да им биде рекетот. Благодарение на истите тие рекетарски шеми, нефункционален е и македонскиот здравствен систем. И по три години нема трага и глас од новиот клинички центар, а секојдневно слушаме за скандали во здравството во време кога во Македонија хара епидемијата на коронавирусот. Граѓаните со својот живот го плаќаат криминалот на власта. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини